Арсовска: Капитални проекти и помош за ранливите групи на граѓани се неопходни во време на криза
Почнуваме со најголемиот еко капитален проект во регионот, изградба на пречистителна станица што значи дека за 90 проценти ќе бидат исчистени отпадните води во Скопје. Ги скусивме сите непродуктивни трошоци, средствата за угостителски услуги ги пренаменивме за оброци за лицата бездомници. Мора да изнајдеме решенија како да ги заштитиме најранливите категории, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Таа во денешното гостување на телевизијата Канал 5 посочи дека Град Скопје работи на сеопфатна квалитетна програма во рамките на буџетот со којшто располага градот, и додаде дека активно се работи на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
– Капиталните проекти како дел програмата се во рамките на буџетот со што располагаме. Како што знаете имаме наследено милионски долгови. Реагираме на сите проблеми што се посочени од граѓаните, ќе се градат инфраструктурни проекти, се реконструираат улици, булевари, се поставува нова сигнализација се делува во насока на зголемена безбедност на пешаците и велосипедистите, посочи Арсовска.
Таа ја повика и Владата активно да се вклучи во насока на помош на граѓаните во време на економска и енергетска криза.
– Треба да се излезе пресет на граѓаните, посебно на пензиониерите кои имаат ниски пензии. За првпат сега просечната пензија е пониска од минималната плата. Функцијата на секоја власт е средствата да се вратат кај граѓаните, смета градоначалничката.
Таа напомена дека секој носител на јавна функција треба да преземе активности во интерес на граѓаните.
Според Арсовска, должност на општините и јавните претпријатија е да работат во функција на граѓаните, особено на оние кои имаат ниски примања и најмногу ги чувствуваат последиците од економската криза.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, кандидат за судија во Стразбур
-

Бизнис форум за поголема економска соработка меѓу Македонија и Тајван
-

Уапсени инспектори на УЈП од Штип и Струмица поврзани со работата на „Пулс“
-

Генералниот секретар Чучуљ доби најдобра оценка од сите кандидати за претседател на Антикорупциска
-

Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците
-

Имињата на новите министри за празните позиции ќе бидат познати следната недела
-

Премиерот Мицкоски најави анонимни телефонски линии за пријавување мито во здравството
-

Второ мислење за секоја кардиохируршка интервенција и во државно и во приватно здравство
