-->
-->
Арсенал сепак се засилува!!!
-->

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, во финишот на преодниот рок ќе потроши нешто повеќе од 50 милиони фунти на две засилувања кои ќе пристигнат од Шпанија. Венгер реши да го засили нападот и одбраната со Лукас Перез односно Шкодран Мустафи.
Арсенал минатата сезона имаше проблеми со напаѓачите, тоа е чувствително место во тимот на кое Венгер долго време бараше засилување. Откако не успеа со неколку звучни имиња (Мората, Манџукиќ, Кавани...), изборот на Венгер стана напаѓачот на Депортиво Ла Коруња Лукас Перез, кој едно време се поврзуваше со трансфер во Барселона.
Откупната клаузула на Перез изнесува 17,1 милиони фунти. Арсенал реши да ја активира клаузулата и да го донесе напаѓачот кој минатата сезона постигна 17 голови на 37 одиграни натпревари во шпанското првенство.
Венгер очајнички бара и централен дефанзивец откако искусниот Пер Метесакер се повреди. Партнер на Кошчелни ќе му биде Шкодран Мустафи за кого Арсенал на Валенсија ќе и плати 35 милиони фунти.
Кога ќе ги реализира овие два трансфери Арсенал ќе ја надмине сумата од 100 милиони фунти потрошени на засилувања во овој преоден рок. На „Емирејтс“, веќе пристигнаа Гранит Џака, Роб Холдинг, Такума Асано и Келечи Нвакали.
Арсенал на стартот од Премиерлигата, во првите две кола освои само еден бод, во првото коло загуби од Ливерпул (3-4), а во второто ремизираше со Лестер (0-0).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сончево и посвежо, долж Повардарието повремено засилен ветер до над 50 км/час
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
