-->
-->
Арсенал сепак се засилува
-->

Францускиот напаѓач Александар Лаказет ќе го засили Арсенал за сума од 46 милиони фунти (52 милиони евра), пренесоа англиските медиуми.
Александар Лаказет во текот на оваа недела треба да ги мине лекарските прегледи, по што ќе го стави потписот на договорот со Арсенал. Францускиот репрезентативец ќе стане најскапиот играч во историјата на Арсенал. Претходниот рекорд го држеше Месут Езил, за чиј трансфер Арсенал пред четири години плати 48 милиони евра.
Лаказет изминатите три сезони во францускиот шампионат постигнуваше најмалку по 20 голови.
Доаѓањето на Лаказет значи дека Шпанецот Лукас Перез ќе го напушти клубот, кој не доби вистинска шанса кај Арсен Венгер.
Исто така, во преодниот рок се очекува клубот да го напушти и Оливие Жиру, а Венгер се надева дека на неговото место во клубот би можел да пристигне Килијан Мбапе.
Инаку, трансфер цели на Арсенал се и играчите на Лестер и Монако, Ријад Махрез и Тома Лемар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Денеска ќе донесеме мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти
-

СУГС „Здравко Цветковски-Гуц“се прости од својот ученик кој загина во сообраќајката кај Илинден
-

Уапсен прилепчанец кај Љубаништа, поседувал марихуана и сина таблета
-

Мицкоски: Дејвид Гета не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар
-

На ГП од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Самит за безбедност во Финска: ЕУ бара поголеми инвестиции и зајакната одбрана од руските закани
