-->
-->
Арсенал губи натпревари но и играчи!
-->

Арсенал во саботата загуби во Бирмингем од ВБА (2:1), а покрај поразот загуби еден од најстандардните играчи оваа сезона. Имено, Франсис Кокелан (24), ги повреди лигаментите на коленото, поради што му претстои пауза од четири месеци.
Повредата на Кокелан му ги зголеми проблемите околу составувањето на тимот на менаџеорт Арсен Венгер, кој од претходно не може да се потпре на услугите на Дани Велбек, Џек Вилшир, Алекс Окслејд-Чембрлен, Тео Волкот, Томаш Росицки и Арон Ремзи.
Инаку, Арсенал со поразот од ВБА ја пропушти можноста по 12 рунди во Премиерлигата да се искачи на чело на табелата.
‘Топчиите’ се наоѓаат на делба на третата позиција со Манчестер Сити со по 26 бодови, два помалку од најпријатното изненадување Лестер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
-

Со тешки повреди на главата заврши 16 годишник по тепачката меѓу навивачките групи Фемили Аеродром и Работнички
-

Респираторните инфекции ги полнат педијатриските оддели
-

20 години архипастирска служба на владиката Иларион
-

Во Прилеп има само 26 легални такси возила, над 150 се диви таксисти – донесена нова одлука за регулација на дејноста
-

Туристичките водичи да ги прошируваат понудите
-

Преглед на вестите од светот
