Фудбал
3. May 2023 - 11:36

Арсенал е првиот тим во историјата кој победил на 10 лондонски дерби во едно првенство

Арсенал стана првиот тим во историјата на англискиот фудбал кој победил на 10 лондонски дерби во една сезона.

„Топчиите“ синоќа го победија Челзи (3:1) во 34. коло од Премиер лигата. Вкупно во тековниот шампионат немаат ниту еден пораз од клубовите од главниот град.

Во тековниот шампионат Арсенал по два пати ги победи Фулам (2:1, 3:1), Тотенхем (3:1, 2:0), Кристал Палас (4:1, 2:0) и Челзи (3:1, 1:0). Со победа и нерешено ги заврши средбите со  Брентфорд (1:1, 3:0) и Вест Хем (3:1, 2:2).

Арсенал во моментов е прв на табелата во Премиер лигата со 78 бодови. Манчестер сити има 76 бода, но и два натпревара помалку.