-->
-->
Арнаутовиќ се извини и на македонски и на албански за погрдните зборови на вчерашниот натпревар
-->
Австриецот Марко Арнаутовиќ наместо да се израдува како што треба на погодокот кој го постигна против Македонија, тој реагираше жестоко кон Алиоски, па капитенот Алаба мораше да го смирува.
Многумина го обвинија Арнаутовиќ и за расизам. Тој денеска се извини за неговиот гест и ги отфрли таквите обвиненија.
–Имаше некои погрдни зборови на вчерашниот натпревар, па поради тоа сакам да се извинам, особено на моите пријатели од Македонија и Албанија. Би сакал да кажам, јас не сум сум расист и никогаш нема да бидам, моите пријатели со кои пораснав се од целиот свет – вели Арнаутовиќ.
Напаѓачот на Австрија во својата објава на Инстаграм, се извини на македонски и албански јазик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бекер по петти пат ќе стане татко
-
Монтела останува турски селектор до 2028
-
Аспиликуета го напушти Атлетико Мадрид
-
Последен Вимблдон за Квитова во кариерата
-
Во Пустец почнува јубилејното 20- то издание на фестивалот „Македонско културно лето"
-
24 години од загинувањето на војникот Блашко Толев на Тетовско кале, за време на војната во 2001 година
-
Три автобуси и едно комбе изгореа во пожар во Кочани
-
Трамп ќе го посети „Алигаторскиот Алкатраз“ - центар за притвор на мигранти во Флорида