Армијата тврди дека ги привела претседателот Мугабе и неговата сопруга

Армијата на Зимбабве соопшти денеска дека ги ставила во притвор претседателот на државата Роберт Мугабе и неговата сопруга Грејс.
Во обраќање преку националната телевизија војниците нагласија дека ги обезбедуваат и владините кабинети и патролираат низ улиците во главниот град.
- Во Зимбабве не е извршен државен удар, тврдат воени лица, кои се обратија на националната телевизија.
Тие потврдија дека ја преземале власта, но истакнаа дека не станува збор за државен удар, туку нивна цел се „криминалците“ околу претседателот Роберт Мугабе.
Претходно, војниците го уапсија и министерот за финансии Игнатиус Чомбо, откако ја зазедоа власта во обид да се справат „со криминалците околу претседателот Роберт Мугабе кои им причинуваат социјално и економско страдање на луѓето“, соопшти владин извор.
Армиски сили се распоредени на клучни места во Хараре меѓу кои и пред зградата на Палраментот. Според западни медиуми, пред банките се формирани долги редови во обид луѓето да ги повлечат заштедите.
Ново на Сител
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
