Loading Video...
Свет
1. February 2021 - 12:51

Армијата изврши воен удар во Мјанмар и ја презеде власта во земјата

Армијата изврши воен удар во Мјанмар и ја презеде власта во земјата, откако утрово ја првела лиудерката на цивилната власт во земјата Аунг Сан Су кој победи на последните парламентарни избори. Истовремено во земјата е воведена вонредна состојба, што ќе биде на сила една година.

Воениот удар е резултат на тензиите помеѓу владата и војската, па така Власта ја презеде шефот на армијата Мин Аунг поради, како што информираа, изборна измама.

На последните избори партијата на приведената лидерка, која во меѓувреме доби Нобелова награда за мир, освои доволно места во парламентот за да формира влада.

Ваквиот потег наиде на остри реакции од ЕУ. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел побара да се ослободат оние кои војската ги уапсила во извршените рации низ земјата, и да се почитуваат резултатите од изборите. И Британскиот премиер Борис Џонсон го осуди воениот удар, со барање гласот на народот да се почитува, а цивилите да бидат ослободени. Првиот човек на ОН Антонио Гутереш пак изрази стравување од поголеми тензии.

Околу два милиона Австралијци во градот Перт од денеска се под строги мерки на блокада откако беше откриен еден случај на мутираниот коронавирус во Перт. 5 дневната блокада е воведена откако вирусот е откриен на лице вработено во хотелско обезбедување. 66 лица биле во близок контакт со работникот. Инаку во Австралија е најавено дека од овој месец почнува процесот на Вакцинација.

А тимот на СЗО Денеска го посетил Центарот за контрола на болести во провинцијата Хубеј, каако дел од мисијата за испитување на пшотеклото на вирусот. Истражувачите на СЗО минатиот месец пристигнаа во Вухан и досега посетиле болници во кои се лечеле првите пациенти, но и пазари за морски плодови, каде случаите на инфекција се појавиле во 2019-та година