Арлин Фостер избрана за нова премиерка на Северна Ирска, парламентот проработе по три години пауза

Пратениците на севернорискиот Парламент денеска се собраа за првпат по три години пауза откако вчера беше постигнат договор за поделба на власта во овој британски регион.
Пратениците во Белфаст бираа влада која ќе ја водат пробританската Партија на демократските унионисти (ДУП) и националистичкиот Шин Фејн.
За премиерка на новата влада, како што од вчера стана извесно, избрана е шефицата на ДУП, Арлин Фостер. Таа на истата должност беше и пред распадот на коалицијата во 2017 година.
Мишел О’Нил од Шин Фејн ќе биде вицепремиерка на владата.
Двете партии, со посредништво на британската и ирската влада, вчера се договорија и со тоа ја надминаа тригодишната блокада која земјата ја остави со серија нерешени прашања и се поголема криза во јавниот сектор.
Спорот меѓу ДУП и Шин Фејн наскоро се продлабочи и на пошироките културни и политички прашања кои и онака ги делат унионистите и националистите. Со Белфаст од јануари 2017 година управуваа државни службеници со ограничени надлежности за донесување важни одлуки.
Сето ова падна во сенка на Брегзит-от што следи, а кој ќе има сериозни последици врз границата на Северна Ирска и Ирска. Северна Ирска е единствената британска копнена граница со некоја членка на ЕУ, а Брегзит во прашање ќе го доведе статусот на невидливата граница и може потенцијално Белфаст да го турне во подлабока прегратка на Ирска.
Заради тоа и ДУП и Шин Фејн сакаат да се прашуваат за сите следни случувања.
Ново на Сител
-

Одбележан денот на Алцхајмеровата болест
-

ОЈО Скопје отвори истрага за насилството врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
-

Тема на денот со Ведрит Ибушоски, претседател на Здружение на радиолошки технолози на Македонија
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
