Арифи најави гасификација, фотоволтаични системи и подземни контејнери за подобра животна средина во Тетово
Градоначалничката на Тетово и кандидатка за нов мандат Теута Арифи денеска одржа трибина за делот од програмата што се однесува на т.н. зелена агенда, на прашањата важни за екологијата и здравјето на граѓаните.
Арифи рече дека и досега се реализирани проекти за унапредување на животната средина како што се субвенционирање инвертери за домаќинства и образовнии установи, фотоволтаични системи за училиштата, пречистителната станица за вода, зелен кров во градинка,…
-Нашата програма за идниот мандат е продолжување и зголемување на можностите. Еден од капиталните проекти многу значаен е гасификацијата. Ние ќе продолжиме со поставување на фотоволтаични системи – нашата цел е сите училишта да ги снабдиме со фотоволтаични системи затоа што тоа е многу значајно за животната средина, како и за намалување на трошоците на училиштата. Веќе сме завршени со процедурите и проектот ние готов за полуподземни контејнери имаме 31 локација каде што тие ќе бидат поставени. Исто така зачувување и проширување на зелените средини, проектот за Бањиче и другите проекти кои се важни од аспекти на животна средина, изјави Теута Арифи.
Таа посочи дека како што досега работела, и во иднина ќе се заложи за продолжување на булеварите во Тетово со цел што помалку возила да влегуваат во центарот и така да се намали загадувањето на воздухот.
Ново на Сител
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
