Ариен Робен тренира во базата на Баерн

Екс холандскиот репрезентативец Ариен Робен тренираше во базата на Баерн (Минхен). Поранешниот крилен играч одржа тренинг со тренерот за физичка подготовка на Баварците, Холгер Броих. Видео од тренингот на Робен беше објавено од канцеларијата за печат на Баерн.
Триесет и шест-годишниот Робен го одигра својот последен натпревар со екипата на германскиот шампион на 25.05.2019 година во победата од 3-0 над РБ Лајпциг во финалето на германскиот Куп, по што се повлече од професионалниот спорт.
Заедно со Баерн, тој освои осум германски титули, пет Купа на земјата, ги освои трофеите во Лигата на шампионите, Супер купот на УЕФА и Светскиот клупски шампионат.
На почетокот на мај беше објавено дека Робен може да ја продолжи кариерата, откако има понуда од бразилски Ботафого.

Ново на Сител
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
