Македонија
12. July 2020 - 17:28

Архимандрит Партениј хиротонисан за епископ антаниски

Архимандрит Партениј хиротонисан за нов епископ Антаниски на Македонската православна црква Охридска архиепископија.На  свечената божествена литургија во катедралниот храм Света Софија игуменот на Бигорскиот манастир отец Партениј пред верниците истакна дека да се биде епископ значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро ,додавајќи дека монашкиот живот за него останува врховен животен призив.

Во епископската беседа Партениј ја најави својата предаденост кон македонскиот народ и татковината.

Верниците кои беа сведоци на оваа свеченост со радост и љубов зборуваа дека неговото хиротонисување е благослов за Македонија но и поширокиот православен свет.

Инаку настанот се одбележа со засилени мерки за спречување на ширење на коронавирусот и со заштитни маски . За верниците кои беа дел од овој свечен чин на три локации беа поставени надворешни видео екрани на кои се вршеше директен пренос од богослужбата.