Археолозите во Египет пронајдоа огромен гранитен саркофаг, наскоро ќе откријат кој почива во него
Археолозите се подготвуваат да го отворат огромниот саркофаг од црн гранит откриен во египетското пристаниште Александрија.
Висок речиси два метри и долг три метри, овој саркофаг е најголем ваков што досега е откриен недопрен во античкиот град. Пронајден е заедно со голема глава од алабастер за која се верува дека го претставува починатиот во гробот, кој останал недопред илјадници година.
Саркофагот е откриен во текот на градежни работи и стана интересен за археолозите поради слојот малтер меѓу телото и капакот и поради тоа се верува дека содржината останала недопрена илјадници години.
Се верува дека датира од раниот Птоломејски период, кој почнува по смртта на Александар Македонски во 323 пред нашата ера.
-Мислиме дека овој гроб му припаша на некој од високите личности од тој период, изјави Ајман Ашмави, главен на бирото за древни египетски артефакти при Египетското министерство за антиквитети. „Главата од алабастер веројатно е од некој благородник од Александрија. Кога ќе го отвориме саркофагот, се надеваме дека внатре ќе најдеме работи кои се недопредни, кои ќе ни помогнат да ја идентификуваме личноста и неговата позиција.
Но првото отворање бара интензивна работа и подготовки.
-Ризично е да го отвориме директно - мора да се подготвимем вели Ашмави, објаснувајќи дека саркофагот ќе биде отворен на самото место.
-Тешко е да се помести недопрен и да се отвара во музеј. Тој е најден пет метри под земја и целиот тежи над 30 тони. Само капакот е 15 тони.
Во наредните недели, тим на инженери ќе го посетат местото за да обезбедат опрема за кревање тежок товар и структурна поддршка кој ќе им овозможи на археолозите да го извадат капакот од саркофагот. Штом тоа ќе се направи, специјалистите кои за првпат ќе ја покажат содржината скриена со милениуми.
Ново на Сител
-
Орбан: Украина има непријателски став кон Унгарија
-
Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот
-
Турција ќе се придружи на потрагата по тела под урнатините во Газа
-
Руски ракети погодија полигон за обука во Украина, неколку мртви
-
Министерката Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес
-
Трамп, пред средбата со Зеленски, телефонски ќе разговара со Путин
-
18 години без Тоше во Крушево: Ултрамаратонците му оддадоа почит на на Тоше, крушевчани ги пречекаа со 500 рози
-
Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за да не дозволиме да се вратат оние што 20 години ја уништуваа Македонија