„Аргументите ја осветлуваат вистината“ нова книга од Драги Аргировски
По повод одбележувањето на 70-годишнината од основањето на Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија денеска во Скопје беше промовирана публикацијата „Аргументите ја осветлуваат вистината“ од Драги Аргировски, посветена на пензионерската популација.
- Аргировски е хроничар и аналитичар кој филигрански прецизно ја отсликува и третира пензионерската проблематика, го следи нејзиниот развој за што доказ е и неговата најнова книга, истакна на промоцијата на книгата Александар Димковски, главен и одговорен уредник во весникот „Нова Македонија“.
Самиот наслов на книгата, потенцира тој, говори дека таа изобилува со факти, аргументи и релевантни податоци кои ја откриваат вистината, поим од големо значење во животот сите и нешто по кое секојдневно трагаме.
Ова е книга која изобилува со агументи за нашите постинувања, за резултати, за решени проблеми на пензионерите, за создавањето нов дух во пензионерското организирање ... Тоа се го има во книгата која е една хроника и документ што ќе остане во историјата и на државата бидејќи досега во нашата библиографија имаме многу малку книги на оваа проблематика, истакна Аргировски.
Аргировски информира дека ова е негова дваесетта објавена книга. Од сите негови книги последните седум се посветени на пензионерската проблематика.
На промоцијата на книгата „Аргументите ја осветлуваат вистината“ на Аргировски присуствуваше и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Тој е поранешен новинар, а во моментов е претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново
-
Десингерица или Слаткар | DJ Mats | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 067
-
Анкета на ИПСОС: Граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски
-
СВР Скопје расчисти кривично дело обид за убиство
-
АХВ: Од 41 дом за стари лица, 14 не биле регистрирани како оператори со храна
-
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност одржа средба со студенти од Филозофскиот факултет
-
Најмалку осум жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад
-
Рокас: Се надевам дека сите политички страни во земјата ќе се обединат и ќе преземат решителен чекор нанапред