Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците (АА), до премиерот Христијан Мицкоски попладнево поднел неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство.
Во писмото упатено до Мицкоски, кое АА го прати до медиумите, Таравари наведува дека „со максимална посветеност, транспарентност и чувство на должност кон граѓаните и државата“ ја извршувал функцијата.
-Одлуката ја донесувам по внимателна лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата, и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дел од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина, секогаш водејќи се од јавниот интерес, напишал Таравари во оставката до премиерот Мицкоски.
Ново на Сител
-
Русија ослободи нафтен танкер откако го задржа во Балтичкото Море
-
Во Кина измерени рекордни над 40 степени
-
Приведен 21-годишен крадец од радовишко
-
Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант
-
Лаи: Тајван сака мир со Кина
-
Ако Манчестер Сити не се квалификува во Лигата на шампионите, тогаш не сме заслужиле, вели Гвардиола
-
Сити се откажа од Флоријан Вирц
-
Белингем: За Реал е важно да го освои Светското клупско првенство