Арапските земји од Персискиот Залив ги зајакнуваат поморските патроли
Членките на Советот за соработка во Персискиот Залив (ГЦЦ), што го сочинуваат арапските монархии од регионот, започнаа со зајакнати безбедносни патроли во меѓународните води на тоа подрачје, соопшти денеска Командата на американската Петта флота, стационирана во главниот град на Бахреин, Манама.
Во соопштението се посочува дека земјите членки на ГЦЦ „посебно ја засилиле меѓусебната комуникација и координација за да ја поддржат регионалната поморска соработка и морските безбедносни операции во Заливот“.
Најавата доаѓа во време на зголемени тензии во односите меѓу САД и Иран и стравувањето од можен вооружен конфликт.
Властите во Бахреин вчера им препорачаа на своите државјани да не патуваат во Ирак и во Иран и ги повикаа оние што веќе се наоѓаат во овие две држави, во интерес на нивната безбедност, „веднаш“ да заминат од таму, поради „нестабилните регионални околности, опасниот развој на настаните и потенцијалните закани“.
Во средата САД повлекоа дел од персонал во нивната Амбасада во Багдад, а денеска американската компанија „Ексон“ ги евакуираше своите странски работници од нафтеното поле во ирачката покраина Басра, што се наоѓа во близина на границата со Иран.
Ново на Сител
-
Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“
-
На Клиниката за токсикологија ноќеска пукнала цевка од парно
-
Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко
-
Израелски цивил убиен во северен Израел
-
Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан
-
Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани