Арагчи: Иранскиот народ, а не Доналд Трамп, ќе го избере новиот врховен лидер на Иран

Министерот за надворешни работи на Иран Абас Арагчи, денеска изјави дека на иранскиот народ е да го избере својот лидер, a не на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во интервју за американската телевизиска мрежа NBC, Арагчи реагираше на изјавата на претседателот на САД Доналд Трамп дека тој мора да биде вклучен во изборот на наследник на врховниот ирански лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен 28 февруари, на почетокот на американско-израелските напади врз Иран.
- Нема да дозволиме никој да се меша во нашите внатрешни работи. Ова е прашање само за иранскиот народ и на никој друг, рече Арагчи.
Според него, Трамп треба да се извини за војната, убиствата и разурнувањата на Блискиот Исток.
- Очигледно е дека нашите ракети не можат да стигнат до американска почва. Она што можеме да го направиме е да нападнеме американски бази и инсталации околу нас, додаде шефот на иранската дипломатија.
САД и Израел го нападнаа Иран во сабота, на 28 февруари, што го натера Техеран да возврати со ракети кон Израел, Кувајт, Бахреин и други земји од Блискиот Исток кои имаат американски бази.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје памети - 83 години од црниот 11 март
-

Илјадници писатели објавија „празна“ книга во знак на протест против вештачката интелигенција
-

При пожар во куќа пронајдено починато лице
-

Уапсен турски државјанин, пронајдени мигранти во возилото кое го управувал
-

Лука Дончиќ ја потврди разделбата од Анамарија Голтес: Се борам за старателство над ќерките
-

Тајна шахта за кражба на струја откриена во Тетово – Фитнес, спа и ресторан нелегално приклучени
-

За 10 дена 6.264 казни во сообраќајот: 151 лице лишено од слобода, одземени 53 возила
-

Новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е ранет, но е во добра здравствена состојба
