-->
-->
Апсолутен рекорд на Серена Вилијамс
-->
Серена Вилијамс се пласираше во четвртфиналето на УС Опен и испиша нова страница во историјата на светскиот тенис. Помладата од сестрите Вилијамс во осминафиналето ја победи Јарослава Шведова со 6-2, 6-3.
Серена против Шведова ја забележа 308-та победа на грен слем турнирите со што стана апосултна рекордерка. На вечната листа таа го мина Роџер Федерер кој има еден триумф помалку.
Американката во кариерата има 22 Грен слем титули и го дели првото место на вечната листа заедно со Штефи Граф.
Против Шведова, Серена на теренот мина 70 минути, освои 28 од 30-те поени на својот прв сервис, забележа десет ас сервиси, а на противничката не и дозволи ниту една брејк топка.
Нејзина противичка во четвртфиналето ќе биде Романката Симона Халеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење