Апсење на повеќе локации низ Македонија, приведени осум лица
Неколку лица уапсени на улица од страна на македонската полиција, а меѓу нив и жена.
МВР информира дека во 13.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Христо Татарчев“ го лишиле од слобода 43-годишниот О.М. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, а потоа во 14.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Гази Баба ги лишиле од слобода В.Д.(37) и С.И.(43), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај В.Д. била пронајдена прашкаста материја, а кај С.И. била пронајдена марихуана.
Вечерта во 22.40 часот во близина на наплатна рампа на магистрален пат Тетово - Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода Ќ.Б.(23) и А.А.(24), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед на патничко моторно возило во кое се превезувале била пронајдена и одземена прашкаста материја, додека по полноќ на булеварот „Ленинова“ во Струмица полициски службеници од Полициска станица Струмица го затекнале лицето Ф.А.(30) од Струмица при извршување кривично дело „тешка кражба“, и веднаш го привеле.
Во 07.10 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници ја лишиле од слобода М.Ф.(40) од Куманово бидејќи се наоѓала на „стоп листа“, а во последниот случај, во 15.15 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.Т.(30) од Косово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.
Сите се предадени за поматамошна постапка.
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност