Апсења во Германија по нападот во Брисел
Германската полиција уапси двајца осомничени за врски со терористичката група што ги изврши нападите во Брисел во вторникот, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според неименувани извори на весникот „Шпигел“, еден од уапсените е приведен во средата во близина на Франкфурт.
Тој пред нападите во Брисел примил две пораки преку мобилен телефон во кои се споменувало името на Калид Ел Бакрауи, терористот кој ја активира бомбата во бриселското метро.
Германското Министерство за внатрешни работи не ги потврдува наодите на весникот, според кои, примените пораки го содржеле зборот „крај“ на француски и биле примени три минути пред експлозијата во метро станицата Мелбек во Брисел.
Засега нема детали за идентитетот на вториот уапсен за врски со напаѓачите во Брисел.
Германските безбедносни служби предупредуваат дека со оглед на развиената мрежа на ИД во Европа, не може да се отфрли можноста од нови терористички напади вклучително и на локации во Германија.
Ново на Сител
-
Трошоците на живот во март на годишно ниво повисоки за 2.7, а цените на мало за 2.2 отсто
-
Кога главоболката е симптом на тумор?
-
Таткото на Вања за обвинетите: Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, претежно мижам
-
Кривична за началничка - Си овозможила бонус плата за 2023 година иако не го исполнила условот
-
Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски
-
Бензините и дизелот поевтинуваат за 0,50 денари по литар
-
Кисела Вода обезбедува финансиска помош за набавка на огревно дрво
-
Кешишев изјави дека не бил свесен за случувањата, иако бил „десна рака“ на Палчо