Априлили: Денес ви се дозволени сите безопасни шеги, лукавства и измами
Во светот денеска се одбележува 1 Април, Денот на шегата, кога луѓето прават безопасни шеги и објавуваат лажни вести со кои другите ги доведуваат во смешна ситуација.
Шегата се нарекува проваприлска шега, а тој кој ќе ја направи измамата во моментот на објавување на шегата извикува „априли -ли“.
Во некои земји како во Велика Британија, Австралија и Јужноафриканската Република измамите се прават само до пладне, а оној кој ќе ги направи попладне се вика „априлска будала“ (April Fool). Во многу други земји шегите се прават во текот на целиот ден.
Постојат ралични верзии на толкување на потеклото на 1 Април како Ден на шегата.
Според една верзија, 1 Април како Ден на шегата настанал кога во 16-от век е поместен денот за Нова година од 25 март на 1 јануари. До тогаш во многу европски градови Новата година се славела на 25 март, а прославата траела седум дена, односно до 1 Април.
Според тоа толкување, оние кои го прифатиле новиот датум како ден на Новата година правеле шеги со оние кои и понатаму прославувале до 1 Април.
Меѓу познатите шеги е онаа на Би-Би-Си во 1957 година. Таа британска мрежа тогаш објави дека Швајцарците берат шпагети од дрво. Голем број гледачи се јавиле во уредништвото на таа телевизија за да дознаат за можностите сами да одгледуваат свои стебла за шпагети.
Некои случувања кои навистина се случиле на 1 Април често се прифаќаат со неверување. Иран во 1979 година го прогласи 1 Април за Ден на Републиката. До денес многумина не веруват дека тоа е вистински празник.
Ново на Сител
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo