Апостолу: Во Грција ќе се легализира марихуаната за медицински цели
Грчкиот министер за земјоделство Евангелос Апостолу изјави дека грчката Влада планира да привлече инвестиции за одгледување на марихуана за медицински цели.
- Таквата мерка може да доведе до заздравување на економијата. Производителите пројавија интерес за инвестиции во висина над 1,5 милијарди евра за проекти за оранжерии за одгледување на канабис. Со тоа Грција ќе заземе место на светскиот пазар, посочи Апостолу.
Владата на премиерот Алексис Ципрас планира да поднесе предлог закон за легализација на марихуаната за медицински цели до Парламентот до крајот на годината. Предлог законот предвидува во еден комплекс од 12 до 15 оранжерии да се создадат околу 400 работни места.
- Илјадници грчки пациенти кои се заболени од рак и Паркинсова болест ќе можат да добијат препарати, кои се произведуваат во Грција во согласност со принципите на Светската здравствена организација, посочи Апостолу.
Тој додаде дека грчката Влада не планира целосно да го декриминализира одгледувањето и продажбата на марихуана.
Употребата на марихуаната за медицински цели е дозволено во Белгија, Германија, Шпанија, Израел, Финска, Полска, Португалија, во некои сојузни американски држави и во Австралија. Медицинската марихуана се користи при епилепсија, анорексија, бронхијална астма, мигрена, артритис, болести на рбетот, како и психички и невролошки нарушување.
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност