Апостолска: Со Законот за финансиска поддршка направен исклучителен прогрeс во поддршка на компаниите
Владата активно работи на создавање атмосфера компаниите да инвестираат, да растат и да се развиваат, да создаваат нови и добро платени работни места за граѓаните, порача министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска при денешната посета на компанијата „Мегатехна“ во Скопје, која се занимава со производство на материјали за мебел.
На средбата, како што соопштуваат со менаџментот на компанијата, министерката Апостолска истакна дека со Законот за финансиска поддршка на инвестициите и неговите измени е направен исклучителен прогрес во системот на поддршка на компаниите во реализацијата на нови инвестиции, со што преку конкретни форми на поддршка им се обезбедуваат услови за одржлив раст и развој, како и стимулации за реализација на нови вработувања.
-Владата ја препознава потребата на стопанството за квалитетна и мотивирана работа сила и затоа гради мерки што ќе понудат значајна поддршка на компаниите и во овој сегмент. Дуалното образование се интегрира во образовниот систем од каде се очекува да се зголеми фондот на квалификувана работна сила, со напредни вештини и знаења, која ќе биде достапна за стопанството, рече министерката Апостолска.
Министерката направи обиколка на производствените капацитети на компанијата, се запозна со развојните планови и модернизацијата на производството, притоа изразувајќи задоволство што може да се увери во реалните придобивки кои ги испорачува Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Ново на Сител
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар