Апостолова: Премиерот да ја преиспита одлуката за таксата на српскиот увоз

Шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Наталија Апостолова го повика премиерот Рамуш Харадинај да ја преиспита одлуката за такса од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, оценувајќи дека таа е спротивна на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА), јави дописникот на МИА од Приштина.
Апостолова на одбележувањето на тригодишнината од потпишувањето на ДСА побара од Харадинај „да ја согледа пошироката слика“ на состојбата, за да овозможи побрзо финализирање на дијалогот меѓу Приштина и Белград.
– Ние ја разбираме таксата од 100 отсто, меѓутоа време е да се види што е позначајно за Косово. Го повикуваме премиерот да ја преиспита уште еднаш одлуката, да ја согледа пошироката слика и да имаме побрза финализација на дијалогот, рече Апостолова.
Зборувајќи за визната либерализација, шефицата на Канцеларијата на ЕУ, од конференцијата во организација на Институтот ЕПИК им порача на косовските граѓани да не се разочаруваат.
– ЕУ вети дека слободата на движење ќе биде приоритет на дијалогот. Косово забележа прогрес во борбата против корупцијата. Гласањето во Европскиот парламент е доказ дека сте напреднале. Процесот треба да се развива и сега е во рацете на Советот. Немојте да се разочарувате затоа што не се одвива бргу, не може да се изврши автоматски. Чувствуваме еден вид болка кај вас. Мојата порака е да продолжите по тој исправен пат, чувате го тој прогрес, сигурна сум дека ќе има среќен крај, рече Апостолова.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
