Апокалиптични снимки од Германија: Надојдена вода носи се пред себе!
Во силното невреме што во последните 24 часа погоди големи делови од Германија, а во изминатата ноќ на удар беше нејзиниот јужен дел, загинаа најмалку три лица, соопштија денес властите.
„Најмалку три лица ги изгубија животите во поплавите предизвикани од силното невреме“, соопшти министерството на сојузната покраина Баден-Вуртемберг, која е најтешко погодена од невремето.
Во соопштението се истакнуваат и „големите материјални штети“ од поплавите и надојдените води. Како „особено трагичен“ е истакнат инцидентот во Швабиш Гмунд каде загинал еден пожарникар на задача, и едно лице кое се обидело да му помогне. Третата, засега непозната жртва, животот го загубила кога водата надошла во подземна гаража.
Најмногу проблеми предизвикуваат реките Ремс и Јозефбах кои по вчерашното невреме поради обилните дождови ги преплавиле своите корита.
Метеоролозите очекуваат смирување на невремето дури утре, додека денес на удар треба да биде западот на Германија, каде се очекуваат нови невремиња со дожд и град.
Снимката од местото Хал во покраината Баден Вуртемберг покажува каллива надојдена вода која се движи со голема брзина и носи сѐ пред себе. Предизвикана е голема материјална штета која допрва ќе се проценува.
На одредени места нивото на водата достигнало неверојатно седум метри.
Ново на Сител
-
Починат работник донесен во Ургентниот центар во тетовската болница
-
Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон
-
Позиција на МНР за Заедничката изјава од Литванија во Советот за човекови права на Обединетите нации
-
Филипче на прва координација со пратеничката група на СДСМ
-
Кавадарчанец силувал 26-годишна девојка
-
Вучиќ: Зголемени дејствија на авиони и беспилотни летала со извидувачки намери кон Србија
-
Се тепале татко и син во Куманово, употребен е и нож
-
Загина 35-годишник во сообраќајка на автопатот кон преминот „Богородица“