Апокалипса во Америка: Градови оковани во снег и лед, запрен сообраќај, граѓаните без струја
Леден дожд, снег и силни ветрови го зафатија северниот дел од САД, поради што за сообраќај се затворени повеќе автопатски делници како и еден аеродром.
Многу делови од автопатите во Јужна и Северна Дакота се затворени, а издадено е и предупредување да не се патува во поголемиот дел од Северна Дакота.
Метеролошката служба во Бизмарк во Северна Дакота соопшти дека предупредувањето за снежни бури останува на сила и вечерта во локално време.
Затворен е и меѓународниот аеродром Минот, а ќе бидат откажани и летовите од Фарго и Бизмарк.
Силните ветрови доведоа до доцнење или одложување на летовите на меѓународниот аеродром Минеаполис.
Како што пренесува АП, бурата предизвика и прекин на струја во Невраска, Јужна и Северна Дакота.

Според локалната служба на Јужна Дакота, околу 12.000 домаќинства и денеска се без струја.
Дел од главниот автопат кој минува низ Северна Дакота - од Монтана до Џејмстаун, остана затворен и денеска. Затворен и е главниот автопат во Јужна Дакота од Вајоминг до Чемберлен.

Противпожарната служба на Рапид Сити испрати специјални возила, првпат сезонава, за да им помогне на возачите чии автомобили останаа заглавени во снегот источно од тој град.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија