-->
-->
Апликација на ИД за деца
-->
Исламската држава направила апликација за мобилни телефони со цел децата да го научат арапското писмо.
Процесот за учење е „олеснат“ со помош на џихадистички песни и цртежи од оружје, ракети, муниција, тенкови, мечови со цвеќиња и балони и слични симболи.
Британски „Индепендент“ пишува дека ИД ветила дека ќе ги научи младите на знаците од нивното писмо.
Имено, ИД своите борци ги нарекува лавови, а децата „лавчиња на Калифатот“.
Апликацијата има понежен тон од стандардните пропаганди на ИД - претставена е со светли бои со цртежи на цвеќиња, балони и ѕвезди, со црно знаме во позадина.
Апликацијата е објавена на каналите на ИД и по се изгледа е достапна само за андроид, пишува „Индепендент“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Измамен 77-годишник, дал 10.000 евра за наводно да ја спаси внуката од лажна сообраќајка
-
Отворен Октоберфест: Рекордни цени на пивото, милиони посетители и климатска агенда
-
Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи, наскоро прв онлајн состанок со странските експерти
-
Притвор во траење од 30 дена за 12 лица, куќен притвор за тројца од осомничените за пустошење шуми
-
Трамп ќе го прими Ердоган во Белата куќа на 25 септември
-
Приведен 39-годишник, управувал возило со 2,60 промили алкохол и предизвикал сообраќајка
-
Во Белград се одржува воена парада
-
Приведени две лица во Велес, кај нив пронајдени пушка-артефакт, муниција