Апелација: Прислушуваните материјали можат да се користат како доказ

Апелацискиот суд Скопје ја уважи жалбата на Специјалното јавно обвинителство на решението на Основниот суд Скопје 1 за предметот поврзан со настаните во Општина Центар во јуни 2013 година и донесе одлука дека доказите прибавени од прислушуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка.
- Апелацискиот суд Скопје на 04.08.2017 година донесе одлука со која ја уважи жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје и го укина решението донесено од Основниот суд Скопје 1 Скопје со кое од списите на предметот се издвоени снимените материјали предложени како доказ за предметот поврзан со настаните во Општина Центар. Со оваа одлука доказите прибавени од прислушкуваните материјали можат да се употребат како доказ во кривичната постапка, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.
Ново на Сител
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите
