Апелација ја одби жалбата на Стојанче Јовановски - осуден дека ја навел сопругата да се самоубие

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на Стојанче Јовановски, кој е првостепено осуден на 12 години затвор, и ја потврди изречената пресуда од Кривичниот суд.
-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26, по одржана јавна седница на 18.06.2026 година, донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Стојанче Јовановски од Скопје и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.551/26 од 07.05.2026 година, соопштија од Судот.
Јовановски беше осуден во мај по обвиненијата дека ја навел сопругата Ивана со својата ќерка Катја да скокне од балкон, како последица од долгогодишно семејно насилство.
На Јовановски му се судеше за семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
