Апелација ги потврди затворските казни за обидот за убиство на Зијадин Села
Апелацискиот суд во Скопје ги потврди во целост сите затворски казни изречени од Основниот кривичен суд Скопје на седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април минатата година.
Пресудата за случајот беше објавена на 5 јули годинава. Судијката Славица Андреевска на седуммина им одреди затворски казни меѓу тринаесет и десет години затвор, а двајца обвинети кои ја признаа вината добија три и една година затвор. Поради немање доволно докази обвинението беше повлечено за еден од првично обвинетите.
Кире Георгиевски доби 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци, Александар Јаневски – Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци. Виновни се дека со умисла се обиделе да го убијат Зијадин Села.
Обвинението го поднесе и го застапуваше обвинителот Дарко Јакимовски од Јавното обвинителство Скопје.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава