АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА ЛЕНА: Би сакала да имам барем јакна и чизми
На малата Лена од Гостивар, нејзината баба Ленка и мајка и Весна им е потребна помош.
За нивната тешка состојба пренесе емисијата „Срце на дланка“ во која ова тричлено семејство од Гостивар бара помош од сите хумани граѓани.
– Со сопругот се запознавме во Кичево, тој беше таксист и кога се зедовме, не видовме некој добар живот, со една минимална плата тоа е, рече Весна, која апелира за помош за да нејзината ќерка не го живее истиот живот како и таа.
Весна, додава дека и починале многу блиски луѓе тетка, сестрите, свекорот, а пред една година ненадејно го изгубила и сопругот, по што таа добива шеќер кој и го отежнува говорот.
Малата Лена несомнено се соочува со многу тежок живот, да и овозможиме нејзините скромни желби да станат ралност.
– Би сакала да имам детска соба, и барем чизми и јакна, исто така да јадам хамбургер, последен пат јадев кога тато беше жив, скромно вели Лена.
Доколку сакате да и помогнете на малата Лена и на нејзиното семејство тоа може да го сторите на бројот 078562116 или на трансакциската сметка: 290500010519773.
Ново на Сител
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал