Апел до нашите од земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето дома
Поради состојбата со Коронавирусот во земјава, согласно заклучоците на Владата од последната седница, се воведува забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик согласно Листата на Светска здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство.
Забраната, како што стои во заклучоците не важи само доколку достават потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.
Исто така, се апелира до државјаните на Република Македонија, кои живеат во држави со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјата во овој период.
Поради затворање на граничниот премин „Рибарци“ во Република Србија од вчера од 7:00 часот, за премин за патници и возила согласно насоките од Владата на Република Србија, сите патници и возила од граничниот премин „Голема Црцорија“ – Голеш, Кривопаланечко во Република Македонија се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на патници и возила.
Од граничниот премин Прохор Пчински патниците и возила се пренасочуваат на заедничкиот граничен премин со Република Србија, Табановце – Прешево.
Ново на Сител
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина
-
Преглед на вестите од светот
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда