Апасиев: Очекувам кривични и за оние кои пукаа со калашникови вечерта по изборите
По исказот во ОЈО откако за него беа поднесени кривични пријави за говор на омраза, лидерот на Левица, Димитар Апасиев во изјава за медиумите кажа дека очекува обвинителството да биде ефективно како во неговиот случај, односно да поднесе кривични пријави за оние кои пукаа вечерта по изборите како и за оние кои во секој втор збор се закануваат со војна.
- Очекувам дека обвинителството вака ажурно како што постапува за мене ќе постапува и во случаите кога во наредната недела јас ќе поднесам кривични пријави за загрозување на сигурноста бидејќи добивам закани во тие постови особено кај една од пријавителките има закани по мојот живот и по животот на моето семејство. Исто така очекувам обвинителството да биде вака ефективно и за оние кои пукаа вечерта со калашникови по изборите како и за оние кои на секој втор збор се закануваат со војна, особено од албанскиот политички националистички кампус, кажа Апасиев.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството