Апасиев: Над 200.000 Македонци одбиле да се попишат
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека над 200.000 Македонци одбиле да се попишат. Тој алудира дека доволно е само 50.000 граѓани да го бојкотираат пописот за да се смета за невалиден.
-Знаете зошто Апостол не казнува за одбивање фалц-попис? Затоа што над 200.000 Македонци досега одбиле да се попишат! Ако почнат да пишуваат казни, ќе има евиденција, а вака нема траг.
Според светските статистички стандарди, попис кој го бојкотирале само 2,5% од населението се смета за НЕВАЛИДЕН. Тоа, во наши услови, значи дека доволно е 50.000 луѓе да одбијат да учествуваат во фалсификатот, и планот за етноинженерингот нема да има меѓународна верификација. Официјалните бројки се лажирани, а само една општина (Аеродром) е на добар пат да го сруши фалсификатот. А тек па другите бојкотирачи низ цела Македонија, напиша Апасиев на фејсбук.
Тој во изминатиот период повикува на бојкот на пописот, бидејќи како што вели, само така можел да се сруши отписот на Македонците.
Ново на Сител
-

Женско првото бебе годинава во Кавадарци
-

Честитка за Новата година од претседателот на Уставниот суд Костадиновски
-

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер
-

Минусни утрински температури - најстудено на Попова Шапка, 15 степени под нула
-

И во 2026 година, евтина дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот
-

Градоначалник на Њујорк Мамдани денеска ја презема функцијата
-

Бугарија влегува во Еврозоната, левот заминува во историјата
-

Во 2025 година од патарина собрани 67.624.624 евра, ЈПДП склучи договор за М-ТАГ и во малопродажба
