Македонија
22. July 2021 - 19:59

Апасиев до Џафери: Сакате војна - ќе добиете војна

Вака Левица ја најави комисијата за политички систем откако партијата била известена дека, поднесените над 1.500 амндмани на законот за лични карти не биле во соодветна форма.

По најавата за бурна расправа, собраниското обезбедување правеше детален престрес на пратениците пред да влезат во салата. Апасиев не знае зошто било засилено обезбедувањето ама појасни дека со заканата за војна мислел на правна војна.

Смета дека амандманите биле одбиени оти во нив пишувало С. Македонија, нешто кое претходно било прифатливо за собранискиот спикер.

По барање на Левица, комисијата е одложена за во понеделник. Од партијата велат дека викендов ќе одлучеле дали амандманите ќе ги поднесат со новото уставно име.