-->
-->
AO:Надал ќе игра финале во Мелбурн
-->
Рафаел Надал в недела ќе се бори за 21. гренд-слем титула. Шпанецот, полесно од очекувањата, успеа да го добие полуфиналниот меч против Матео Беретини. Надал славеше во четири сета со 6/3, 6/2, 3/6, 6/3.
Дуелот во Мелбурн го обележа одличната игра на Надал, особено во првите два сета и индиспонираниот Беретини, кој не можеше да го најде вистинскиот ритам. Исклучок е средишницата од третиот сет, кога освои 14 од 15.поени, направи брејк и го освои сетот.
Надал, во недела од 9.30 часот по средноевропско време, за втората титула во Мелбурн ќе се бори против победникот од дуелот помеѓу Данил Медведев и Стефанос Циципас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена