-->
-->
AO: Руското четвртфинале за Медведев
-->
Данил Медведев го доби четвртфиналниот дуел со сонардникот Андреј Рубљов на Австралија опен. Медведев ја оправда улогата на фаворит, подобро се приспособи на тешките временски услови и на крајот победи во три сета (7/5, 6/3, 6/2).Мечот траеше 126 минути, а Рубљов најголем отпор даде во првиот сет, во кој Медвдев направи брејк во шестиот гем, а Рубљов му возврати во наредниот. Клучниот момент, не само за првиот сет туку и за целиот меч, се слуи во 12. гем,кога Рубљов дозволи брејк, без да освои поен.
За Медведев, ова беше 19-та победа во низа и се наметнува како фаворит за освојување на титулата.
Со победата над Рубљов, Медведев се избори од понеделник да биде трет на АТП-листата, а доколку го освои турнирот, тогаш ќе скокне на второто место.
Медвдев во полуфиналето ќе игра против победникот од последното четврт-финале, во кое ќе играат Рафаел Надал и Стефанос Циципас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
