-->
-->
AO: Мареј подобар од Томиќ
-->
Тенискиот оддел за интегритет истражува четири сомнителни мечеви на Вимблдон и еден кој е одигран оваа година на Австралија Опен.
Тенискиот свет го тресе скандалот со наместени мечеви, а BBC прв ги објави овие информации. Текстот на BBC излезе дента кога започна годинешното издание на Австралија Опен, по што започнаа шпекулациите кои мечеви биле наместени, иако веднаш беше познато дека некои се одиграни на Вимблдон.
Два меча кои се истражуваат се одиграни во 2005 година на Вимбдлон, тогаш Австралиецот Вејн Артурс го победил 32 носител Филип Воландри, а Белгиецот Жил Елсенер славел над уште еден Италијанец, Потито Стараче.
Двајцата Италијанци со години се соочуваа со обвиненија дека ги местат своите мечеви, а Стараче дури и беше доживотно суспендиран од тенисот, но подоцна таа забрана беше повлечена.
Од друга страна, поради Воландри беше спроведена истрага во 2008 година, а за време на неговиот меч со Артурс биле регистрирани невообичаено голем број на уплати.
Приказната со Стараче е поинаква, бидејќи Елсенер јавно објави дека пред мечот му биле понудени 100.000 долари за да го загуби мечот од италијанскиот тенисер.
Третиот меч кој е под истрага е одигран во јуни 2006 година, тогаш Британецот Ричард Блумфилд го победи Аргентинецот Карлос Берлок. Блумфилд на турнирот влезе со специјална покана, а најдобар пласман во кариерата му било 176-то место на АТП листата. На овој меч биле регистрирани уплати од 340.000 фунти за пораз на Аргентинецот.
Сомнителен е и мечот помеѓу Јирген Мелцер и Вејн Одезник, кој Германецот го загубил (1:6, 4.6, 2.6).
Кога станува збор за Австралија Опен под истрага е дуелот во мешани двојки помеѓу Лукаш Кубот и Андреа Хлавачкова од една и Давид Мареро и Лаура Аруабарена од друга страна.
New York Times пишува дека прилично голема сума на пари била уплатена на победа на Кубот и Хлавачкова.
Мареро по мечот изјавил дека имал проблеми со повреденото колено, а официјалните лица не му посветиле доволно внимание на овој меч. Според надлежните некој кој е близок до тенисерите може информацијата да ја достави до професионалните обложувачи.
Сомнежите се појавиле кога на една интернет страница била забележана уплата од 25.000 долари, додека на слични мечеви одиграни претходно уплатите не биле поголеми од 2.000 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски и Лафчиски положија венец на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, каде пред 17 години загинаа 11 мировници од Армијата
-
Приведени четири лица, сите од Гевгелиско, осомничени за незаконит лов
-
Во гостиварско Добридол приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристички престој
-
Во Хрватска започна гласањето во вториот круг од претседателските избори
-
Келог: Светот мора повторно да воспостави максимален притисок врз Иран
-
Забрана за камиони воведена и на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку превојот Барбарос
-
Фицо: Уморен сум од тоа што Зеленски патува низ Европа и само проси и уценува
-
Шест лица загинаа во експлозија во ресторан во Чешка