-->
-->
АО: Кербер избори финале со Серена
-->
Серена Вилијамс и Анжелик Кербер ќе играат во финалето на првиот годинашен Грен слем турнир, Австралија Опен.
Бранителката на титулата, Американката Вилијамс, ја продолжи доминацијата против Агњешка Радванска, која во нивните сега веќе девет меѓусебни дуели има освоено само еден сет.
Серена славаше со 6:0, 6:4, во меч во кој таа имаше 42 директни поени и 17 незинудени грешки, додека Радванска беше и повеќе од скромна со само четири винери и седум незинудени грешки.
Американката се пласира во своето 26-то Грен слем финале, а против Германката Кербер ќе се обиде да ја освои 22-та титула, со која на првото место на вечната листа би се израмнила со Штефи Граф.
Кербер, во Мелбурн го играше своето трето полуфинале на Грен слем турнирите и успеа да се пласира во првото финале во кариерата. Германката беше единствената од тенисерките кои се во Топ 10 без настап во финале на накој Грен слем.
Кербер, во полуфиналето, ја совлада Британката Џоана Конта со 7:5, 6:2.
Неизвесност во овој дуел имаше само во првиот сет, кога на предноста на кербер од 3:0, Британката одговори со иста мерка. Сепак Кербер во 11-от гем повторно направи брејк, а потоа на свој сервис го освои сетот.
Во вториот сет Кербер го искористи искуството и квалитетот и лесно го доби со 6:2.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
-

Дел од локалитетот „Маркови Kули“ пошумен со 6.000 садници на даб
-

„Зелникот на баба“, вкусот на традицијата по 12-ти пат во Пробиштип
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
-

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот
