-->
-->
АО: Ѓорческа ќе стартува од 1. квалификациско коло
-->

Најдобрата спортискта на Македонија за 2016 година, тенисерката Лина Ѓорческа, во четврток во раните утрински часови, ќе настапи во првото квалификациско коло на гренс слем турнирот Аустралијан Опен.
Ѓорческа, која на ВТА листата се наоѓа на 202-то место, за противничка на почетокот на квалификациите ја доби Американката Саша Викари. 21-годишната Американка на ВТА листата се наоѓа на 137-та позиција.
Македонската тенисерка втор пат настапува во квалификациите на еден грен слем, минатата година на УС Опен не успеа да го мине првото коло, додека Викари во 2014 година настапила на главниот турнир во Австралија (елиминирана во првото коло), а на грен слем турнирите има и учество во второто коло на УС Опен.
Мечот помеѓу Ѓорческа и Викари се игра во четврток во раните утрински часови по македонско време, а истиот ќе започне по 3 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
