Тенис
26. January 2017 - 14:45

АО: Федерер прв финалист

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе игра во финалето на Австралија Опен откако денеска го победи сонародникот Стан Вавринка со 3-2 во сетови.
 
Федерер поведе со 2-0 по 7:5 и 6:3, вавринка целосно се врати резултатски добивајќи го третиот сет со 6:1, а четвртиот со 6:4, по што следуваше решавачкиот петти сет кој му припадна на поискусниот со 6:3.
 
За Федерер ова ќе биде прво Грен слем финале по учеството на УС Опен во 2015 година и можност да ја освои 18 титула од престижните турнири и прва по Вимблдон 2012.
 
35-годишниот швајцарски тенисер досега четири пати го освојувал АО и в недела ќе ја има шансата да стане петкратен победник во Мелбурн.
 
Противник на Федерер во неделното финале ќе биде подобриот од утрешниот полуфинален меч меѓи Рафаел Надал од Шпанија и Григор Димитров од Бугарија.