Македонија
22. July 2021 - 16:42

Антикорупциска побара кривична одговорност за Мерко

Антикорупциска бара Рамиз Мерко кривично да одговара. Сомнежите на антикорупционерите ги потврдиле и државните ревизори кои констатирале финансиски малверзации во работењето на градоначалникот. Сега на потег е Обвинителството за организиран криминал и корупција. Предметот кој се водеше за Мерко и за претседателот на основниот суд Струга за неколкукратно зголемување на општинскиот буџет антикорупционерите го затворија поради застареност.

Антикорупциска го затвори и предметот за Нефи Усеини, кој истовремено беше член на Советот на општина Охрид и член на надзорен одбор во јавна установа. Во меѓувреме Усеини ги известил дека се повлекол од советничкото место.

За антикорупционерите нема ништо спорно во предметот Шпанско село кој се однесува на плацевите на Водно кои ги купиле сопругата и мајката на министерот Филипче и заменик министерот Илир Хасани. Плацевите биле купени во време кога не биле функционери.