Антикорупциска операција против државни и локални службеници во Србија

Во обемна операција на српската полиција за справување со стопанскиот криминал и корупцијата, денеска се уапсени 53 лица под обвинение за злоупотреба на службената положба и овластувања, јави српската државна телевизија РТС.
Во рамки на операцијата под истото обвинение се издадени потерници по уште 25 други лица.
Како што соопшти српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, осомничените се товарат дека со своите активности во периодот од 2005 година, па досега, на буџетите на Србија, на Војводина и на повеќе општини им нанеле штета од над 10 милиони евра.
Стефановиќ информира дека меѓу уапсените има инспектори од српското Министерство за земјоделство, вработени во белградското сообраќајно претпријатие „Ласта“, членови на раководството на Ветеринарниот институт од Земун, како и 13 полицајци, одговорни за регистрација на возила.
- Оваа операција е уште еден сериозен доказ дека државата сериозно се бори против сите форми на корупција и стопански криминал и дека во таа борба нема недопирливи, независно од тоа на која позиција се наоѓаат и која е нивната партиска припадност, порача Стефановиќ.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
