Кошарка
10. September 2015 - 14:40

Aнтиќ би бил резерва во тимот на СФРЈ!

Како би изгледала репрезентацијата на поранешана Југославија во кошарка? Оваа тема е интригантна за шпанскиот спортски весник AS кој состави тим од играчите кои настапуваат за државите кои настанаа по распадот на СФРЈ.
 
Без сомнение просторот на кој до 1991 година живееа речиси 22 милиони луѓе секогаш бил вистински расадник на кошаркаски таленти, токму на просторот од Вардар до Триглав се родени и некои од најголемите имиња во историјата на кошарката.
 
AS потсетува дека Југославија, во годините пред распадот (1989-1991) супериорно освои две европски и едно светско првенство, а дека пред Олимписките игри во Барселона (1992) од таа држава произлегоа Хрватска, БиХ, Словенија, Македонија и Сојузна Република Југославија (Србија и Црна Гора).
 
На ОИ во Барселона Хрватска играше во финалето против моќниот „Dream Team“, веројатно најсилниот состав во историјата на кошарката. Потоа Хрватска освои една европска и две светски бронзи.
 
Потоа палката ја презеде СРЈ, која до 1995 година не играше на меѓународните натпреварувања поради снакциите на ОН. Од 1995 до 2002 година СРЈ победи на три европски и две светски првенства и освои сребро на Олимписките игри во Атланта.
 
Подоцна Србија освои едно европско и едно светско сребро (2009, 2014).
 
На тековното континетално првенство, од просторите на поранешна СФРЈ, не учествува само Црна Гора, а од оние кои се тука Србија и Хрватска се во кругот на фаворити за освојување на медал.
 
Токму поради тоа AS состави тим чија просечна старост е 25,6 години и кој според имињата изгледа застрашувачки, па Шпанците со право се прашуваат како оваа екипа би им се спротивставила на САД.
 
Репрезентација на поранешна Југославија од денешна перспектива:
 
Горан Драгиќ (Словенија, Мајами Хит), Милош Теодосиќ (Србија, ЦСКА Москва), Марио Хезоња (Хрватска, Орландо Меџик), Богдан Богдановиќ (Србија, Фенербахче), Бојан Богдановиќ (Хрватска, Бруклин Нетс), Никола Калиниќ (Србија, Фенербахче), Немања Бјелица (Србија, Минесота), Дарио Шариќ (Хрватска, Анадолу Ефес), Мирза Телетовиќ (БиХ, Феникс Санс), Никола Вучевиќ (Црна Гора, Орландо Меџик), Никола Пековиќ (Црна Гора, Минесота), Анте Томиќ (Хрватска, Барселона).
 
Новинарите на AS направија и листа со резерви:
 
Перо Антиќ (Македонија), Немања Недовиќ (Србија), Лука Дончиќ (Словенија), Зоран Драгиќ (Словенија), Нихад Џедовиќ (БиХ), Клемен Препелич (Словенија), Бојан Дубљевиќ (Црна Гора), Мирослав Радуљица (Србија), Јусуф Нуркиќ (БиХ), Дамјан Рудеж (Хрватска), Марко Тодоровиќ (Црна Гора).