Анкорупциска со јавна опомена за две лица за судир на интереси

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) констатира состојба на судир на интереси кај лицата Ѓоре Стојковски и Илбер Исеновски.
Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, ДКСК се обратила до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на едната од двете функции, односно две од трите, кои истовремено ги извршуваат.
Како што соопшти денеска ДКСК, Ѓоре Стојковски и Илбер Исеновски не постапиле по барањето на комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси ДКСК донела одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена.
Ѓоре Стојковским, се наведвуа во соопштението, истовремено со функцијата член на Совет на Општина Гази Баба ја извршува и функцијата управител на трговско друштво - Друштво за производство, трговија и услуги „ИНВЕСТ – ПРОМ ЃОРЕ“ ДООЕЛ Скопје.
Илбер Исеновски пак, истовремено со функцијата член на Советот на Општина Центар Жупа ги извршува и функциите ВД директор во Јавното претпријатие „КАЛЕ“ - Центар Жупа од Општина Центар Жупа и менаџер – директор без ограничување во Земјоделска задруга „НОВ ЖИВОТ“ с. Г. Папрадник, Центар Жупа.
Ново на Сител
-

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
