Анкети во САД: Предноста на Клинтон намалена во однос на Трамп по нападот во Орландо
Предноста на Хилари Клинтон во однос на Доналд Трамп во американската претседателска трка е намалена од минатата недела, се вели во резултати на анкета на Ипсос/Ројтерс спроведена по терористичкиот напад во Орландо.
Трамп, најверојатен републикански кандидат за изборите на 8 ноември, ја обвини политиката на демократите за масовното убиство со огнено оружје во американската историја и повтори свое ветување дека ќе забрани миграција на муслимани.
Клинтон пак, предупреди на опасност од демонизирање на муслиманите во САД.
Според анкетата, Клинтон води пред Трамп со 11,6 отсто - 44,6 спрема 33 отсто, што е намалување во однос на 13 отсто разлика во анкетата од пред пет дена.
Падот на поддршката за Клинтон не беше само „добивка“ за Трамп. Бројот на избирачи кои се изјасниле дека нема да гласаат за ниту еден од нив е во постојан пораст во минатата недела.
Околу 22,4 отсто веројатни гласачи не би одбрале ниту еден од двајцата кандидати, според петдневниот просек на резултати од вчера. Тоа е зголемување за повече од два отсто во однос на 20,6 отсто пред седум дена.
Ново на Сител
-
Чествување - „Денови на Свети Климент Охридски“
-
Новата пречистителна станица во Дојран ќе биде готова до крајот на годината
-
Намалена интенција на младите за иселување, но предизвици има уште многу
-
Потенцијал за био економија има, недостасуват едукација, правна рамка и стратегии
-
Во Македонија се уште е слаб интересот за волонтерство
-
Македонија го чествува „Свети Климент Охридски“
-
Со свечена академија одбележан празникот на Свети Климент Охридски – патрон на градот
-
Падна режимот на Башар Ал Асад, бунтовниците ја превземаа власта