Свет
19. July 2017 - 15:06

Анкета: Трамп би загубил од Сандерс или Бајден на следните избори

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп нема да победи на претседателските избори во 2020 година бидејќи поголема поддршка имаат Берни Сандерс, но и поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, се вели во резултати од анкета.

Во анкетата се вели дека Трамп би загубил за 13 отсто односно дека би добил 39 отсто гласови, а Сандерс 52 отсто, објави Индепендент.

Милијардерот би загубил и од сенаторката Елизабет Ворен, укажуваат резултатите од анкетата на Паблик полси полинг.