Анкета: Шулц и Меркел имаат еднаква поддршка за функцијата канцелар на Германија
Социјалдемократот Мартин Шулц би добил еднаква поддршка со германската канцеларка Ангела Меркел, доколку избирачите можеа да гласаат директно за претседател на влада, покажуваат анкетите.
Според истражувањето на „Инфратест димап“ за телевизија „А Ер Де“ што беше спроведено вчера, Шулц и Меркел уживаат еднаква поддршка од избирачите - по 41 процент.
Податоците, објавени осум месеци пред парламентарните избори во Германија, покажуваат дека поддршката за Меркел е намалена за два поени од септември, а таа за Шулц е зголемена за пет поени.
Оваа недела социјалдемократите го претставија поранешниот претседател на Европскиот парламент како свој кандидат за канцелар, откако нивниот лидер Зигмар Габриел одби да се бори за функцијата против Меркел во септември.
Шулц официјално ќе биде назначен за лидер на социјалдемократите в недела.
Ново на Сител
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
-
Спасени три питбули и дорбеман користени за борби на кучиња во Врапчиште
-
Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
-
Магла во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица