Анкета: Шулц и Меркел имаат еднаква поддршка за функцијата канцелар на Германија
Социјалдемократот Мартин Шулц би добил еднаква поддршка со германската канцеларка Ангела Меркел, доколку избирачите можеа да гласаат директно за претседател на влада, покажуваат анкетите.
Според истражувањето на „Инфратест димап“ за телевизија „А Ер Де“ што беше спроведено вчера, Шулц и Меркел уживаат еднаква поддршка од избирачите - по 41 процент.
Податоците, објавени осум месеци пред парламентарните избори во Германија, покажуваат дека поддршката за Меркел е намалена за два поени од септември, а таа за Шулц е зголемена за пет поени.
Оваа недела социјалдемократите го претставија поранешниот претседател на Европскиот парламент како свој кандидат за канцелар, откако нивниот лидер Зигмар Габриел одби да се бори за функцијата против Меркел во септември.
Шулц официјално ќе биде назначен за лидер на социјалдемократите в недела.
Ново на Сител
-
Ограбена црква во Аеродром
-
55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама
-
Турските власти цел на критики поради недостиг на безбедносни мерки во планинскиот хотел
-
Трамп нареди вработените во службите за поттикнување на различностите да заминат на отсуство
-
Уапсен 23 годишник од Бангладеш кој водел група од 8 мигранти од Непал
-
Туск: Европа има еднакви права да зборува за својата величественост како и САД