Анкета: Повторно расте популарноста на Меркел

Истражувањето на јавното мислење спроведено во целата земја покажува дека централно - десничарската Христијанско - Демократска Унија на канцеларката Ангела Меркел добива зголемена поддршка. Истовремено анкетата покажува дека е запрен трендот за зголемена популарност на анти-имигрантската Алтернатива за Германија (АФД), јавува дописникот на МИА од Берлин.
Истражувањето објавено денеска покажува дека нема опасност по владејачките партии пред општите федерални избори кои што треба да се одржат наредната година. Анкетата нарачана од националната телевизија АРД покажува стабилна позиција на коалицијата ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите.
Поддршката за канцеларката Меркел е 37 % односно 2 % повеќе од последната анкета спроведена пред три недели. Социјалдемократите (СПД) се на второ место со 23% а намалување има Алтернатива за Германија (АФД) која што од 12 паднала на 10% поддршка. Од другите апртии најпопуларни се Зелените (11 %) , Левицата (8%) и Слободните демократи (6%).
Германија годинава се соочува со регионални избори во три федерални покраини Баден Вуртенберг, Рајна Палатинат и Саксонија - Анхалт каде што антиимигрантската АФД веќе стана втора политичка сила со 17 % рејтинг.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
